Lyrics Toše Proeski

Toše Proeski

Nemir

Тоше:

Дали е доцна нешто да сменам?

Кому да кажам, без тебе не можам?

Светот да сакаш би ти го купил,

грешев што грешев,

само Бог би ме искупил.

Каролина:

Пројде многу време

сама спијам, а ме галат копнежи.

Уште те сакам тебе,

ти си дел од сите мои молитви.

Тоше и Каролина:

Ти си немир што ме тера

да се премислам,

да верувам во љубовта,

да научам да простам

зошто секој простува

и барем еднаш се покајува.

Ех, да најдеш некој повод или причина

на полноќ да ме разбудиш,

ќе откриеш во очи дека било вистина

штом велат дека пак нè заљубив.

Тоше:

Дали е доцна нешто да сменам?

Кому да кажам, без тебе не можам?

Штом ќе го спомнат твоето име,

солзи се будат, ајде дојди утеши ме.

Каролина:

Сакам да те видам,

да те бакнам исто како некогаш,

Чекам и твоја ќе бидам.

Зошто мислиш, зошто не се јавуваш?

Тоше и Каролина:

Ти си немир што ме тера

да се премислам,

да верувам во љубовта,

да научам да простам

зошто секој простува

и барем еднаш се покајува.

Ех, да најдеш некој повод или причина

на полноќ да ме разбудиш,

ќе откриеш во очи дека било вистина

штом велат дека пак нè заљубив. (2х)