So maki sum se rodil
Со маки сум се родил јас
со жалости јас ќе си умрам.
Маките да ми ги напишете
озгора на гробот мој.
Ќе се качам на планина
ќе слезам в темни пештери.
Очите да ми паралдисаат
сонцето да не го видам.
Ќе слезам долу в ѓул бавча,
кај тие росни цвеќиња.
Кај тој катмер алов трендафил,
кај тој ран бел босилок.